Владата ќе гради 40 нови градинки

22.11.2014 16:52

Отворени се шест градинки со капацитет за 260 дечиња. 5 се веќе завршени, а ќе се пуштат во употреба за неполн месец. Место има за 210 деца, 6 се во завршна фаза и интензивно се работи на нивно отворање на почеток на идната година...

Уште 40 нови градинки за 860 дечиња од предучилишна возраст. За 6 месеци од кога е донесена владинатапрограма,речиси половина од работата е завршена. Во 20 градинки се завршени градежните работи. Дел се отворени или се чека нивно отворање во најбрз рок.

„Ќе се придонесе за социјалната грижа и социјалната политика. Уште една работа и битна да се истакне, со отворање на дел од овие градинки кои беа наведени имаме и дополнителен социјален придонес кон семејствата родителите на дечињата, затоа што во добар дел од местата кои ги набројавме досега немаше никакви капацитети за згрижување“, рече Александар Ѓоргиев, портпарол на Владата.

Отворени се шест градинки со капацитет за 260 дечиња. 5 се веќе завршени, а ќе се пуштат во употреба за неполн месец. Место има за 210 деца, 6 се во завршна фаза и интензивно се работи на нивно отворање на почеток на идната година. А во почетен стадиум на изградба се 3 градинки со капацитет од 100 места. Целата инвестиција од државната каса чини 40 милиони денари, а општините ќе учествуваат со околу 15 милиони денари.

Родителите биле принуденини да ги носат своите деца во градинки одалечени повеќе киолометри. Во следниот 4 годишен период планирано е да се отворат  градинки во  места каде досега немало со цел да се заштеди време и пари а дечињата ќе се социјализираат онаму кадешто живеат.

Сања Спиридонова