Лекарите специјалисти ќе добијат зголемување на платите
Специјалистите од скопските клиники ќе добијат две зголемувања на платата.. Заклучно со февруарската, поголема плата ќе добијат за речиси 25 проценти. Владата донесе ваква одлука поради заштедите што ги направи здравството со групните набавки...

Докторите специјалисти од скопските клиники до февруари ќе добијат поголема плата за речиси 25 проценти. Ваквата одлука е поради заштедите што ги направи здравствениот систем со групните набавки,појаснува ресорниот министер Тодоров. Зголемувањето ќе се изврши со исплатата на ноемвриската и февруарската плата.
„Тука се влезени 4-те проценти кои веќе ги добија како зголемување како резултат на програмата на Владата на Република Македонија, дополнително 9,6 проценти од месец ноември и остатокот од 9,6 проценти од месец февруари 2015-та година“, рече Никола Тодоров, министер за здравство.
Тодоров вели дека овие средства порано завршувале во џебовите кај неколку поединци. Сега тие пари одат кај оние што на свој грб го носат здравствениот систем. Дел од заштедените пари се користат и за набавка на нова опрема, спроведување на обуки, воведување на нови методи во лекувањето..
Само со последното намалување на цената на лековите заштедени се шест милиони евра на годишно ниво. Како резултат на тоа што остануваат во здравствената каса, се зголемуваат платите на специјалистите.
Експрена реакција на синдикатот на клинички центар. Изрази задоволство што покачувањето на платите го добиваат оние што најмногу заслужиле. Според Тодоров, претходно зголемување на платите добиле лекарите од секундарното здравство.
Андријана Атанасовска
