По синоќешната драма, денеска мирно во скопско Количани
22.11.2014 17:20
Доцна синоќа жителите на Долно Количани на полицијата не и дозволуваа да ги одземе незаконски исечените 8 метри кубни дрва од дворот на нивни соселанец...

По неколку часовната драма синоќа во скопско Количани, денеска во селото е мирно. Поради попречување на службените овластувања на Шумската полиција, најавена е судска пријава. Доцна синоќа жителите на Долно Количани на полицијата не и дозволуваа да ги одземе незаконски исечените 8 метри кубни дрва од дворот на нивни соселанец.
Протестираа сред село и со камења гаѓале кон полициските возила. Од МВР велат дека повредени полицајци нема. По неколку часовни преговори, жителите на Количани дозволиле да се одземат дрвата и состојбата се смирила.
