Во Битола одбележување по повод 106 години од Битолскиот конгрес и албанското писмо
Конгресот во Битола бил отворен на 14 ноември, и траел до 22 ноември 1908 година. Учествувале 50 делегати од 26 градови, клубови и друштва...

Со свечена академија, вечер во Домот на културата во Битола ќе бидат одбележани 106 години од Битолскиот конгрес, на кој било унифицирано писмото на Албанците..На академијата ќе се обратат вицепремиерот Муса Џафери и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Конгресот во Битола бил отворен на 14 ноември, и траел до 22 ноември 1908 година. Учествувале 50 делегати од 26 градови, клубови и друштва. На Конгресот била усвоена одлуката, да се прифати латиницата со извесни промени на буквите адаптирани на особеностите на албанскиот јазик. Во Битола тогаш присуствувале албански интелектуалци од целиот свет, зашто градот бил конзулски центар и безбедно место.
Денот на албанската азбука, 22 ноември, е неработен за припадниците на албанската етничка заедница во Македонија.
