Навивач на Црвена ѕвезда убиен во Истанбул

22.11.2014 17:30

Белград обвинува дека турски хулигани нападнале група од 400 српски навивачи, додека според турската полиција, се судриле навивачите на Црвена ѕвезда...

25-годишен навивач на Црвена ѕвезда е убиен со нож во Истанбул, за време на натпреварот со Галатасарај. Белград обвинува дека турски хулигани нападнале група од 400 српски навивачи, додека според турската полиција, се судриле навивачите на Црвена Ѕвезда.

Српскиот премиер Вучиќ протестираше и му порача дека е недобредојден во Србија на тренерот на Галатасарај, кој ги обвини српските навивачи за тероризам. Шефот Турскиот премиер Давутоглу изрази сочувство за загинатото момче.