Министерот Јолевски и воените аташеа засадија садници во Папрадиште
„Стоп за катастрофите“ е годинешното мото на 14-та акција „Ден на дрвото - Засадија својата иднина“. Во атарот на селото Папрадиште стотина стебла засадија преставници на военото аташе. Организаторите најавија дека во годинешната есенска акција ќе се засадат 4,5 милиони садници на површина од 1.107 хектари

На местото викно „Ливаѓе“ над живописното село Папрадиште, военото аташе и мештаните со засадување на стотина садници означија почеток на 14-та акција „Ден на дрвото - Засадија својата иднина“. Годинашното мото е „Стоп за катастрофите“.
„Ова е една многу благородна акција каде ја засадуваме иднината и се грижиме нашата татковина да биде убава и да се заштитиме истот така од климата. Шумите се многу значајни за иднината на македонија“, рече Зоран Јолевски, министер за одбрана.
„Човек треба да инвестира во природата, време е да се свртиме кон неа. Кај нас стеблото е знак на мир и спокој во нашите земји и семејства. Посакувам Македонија да го најде својот спокој“, рече Ивица Матешиќ, аташе од Хрватска.
Седум години последователно со пролетната и есенската акција Ден на дрвото, Македонија обновувајки го шумскиот фонд, се заштитува од природни катастрофи.
„Стоп за катастрофите“, ќе значи дека сите подадении раце на граѓаните на Република Македонија ќе си ја засадат својата иднина но и досегасо засадените 50 милиони садници ние всушност сме се заштитувале успешно од катастрофи“, рече Христина Николова, организатор.
Ерозијата, поплавите и свлечиштата можат во многу да се намалат со зголемување на шумскиот фонд.
„Ако денот се познава по утрото се надевам дека оваа акција оваа година ќе биде најуспешна, баш затоа штои ние сме среќлии и почнува од кај нас“, рече Горанчо Пановски, градоначалник на општина Чашка.
Акцијата е граѓанска, но вработените во Македонски шуми и армијата се сепак носечкиот столб.
„Како планинар и како припадник на АРМ имам засадено повеќе од илјадо дрва“, рече Игор Марковски од АРМ.
Според организаторите, наредната недела ке биде објавено кога граѓаните заеднички на површина од 1.1о7 хектари ќе засадат 4,5 милиони садници.
Во сите досегашни акции „Ден на дрвото -засадија својата иднина“, во Македонија засадени се 50 милиони садници.
Дијана Иванова
