По снежното невреме нови проблеми за Њујорк

22.11.2014 18:44

Граѓаните стравуваат дека снегот што ќе стане потежок може да ги урне покривите и многу да останат без дом...

По неколку метри напаѓан снег, метеоролозите во САД прогнозираат слаб дожд и повисоки температури. На државата Њујорк и се заканува нова непогода.

„Сега се подготвуваме за најголемите поплави какви што не сме виделе долго време“, Ендрју Куомо, гувернер на Њујорк.

Граѓаните стравуваат дека снегот што ќе стане потежок може да ги урне покривите и многу да останат без дом.