Ренова го најде лекот за Вардар
Во последното коло од оваа полусетапа не ќе смее да загуби со повеќе од два гола разлика во градското дерби со шампионот Работнички, којшто денеска со 4-0 беше убедлив против Брегалница.

Иако првиот пораз сезонава го доживеа дури во 16.коло, од Ренова со 3-0, лидерот во домашното фудбалско првенство Вардар си го доведе во прашање и неофицијалното признание есенски првак. Во последното коло од оваа полусетапа не ќе смее да загуби со повеќе од два гола разлика во градското дерби со шампионот Работнички, којшто денеска со 4-0 беше убедлив против Брегалница.
По шетнаесет прволгашки рунди во коишто не знаеше за пораз, Вардар го положи оружјето пред Ренова, којашто го надигра и убедливо го победи во Тетово со 3-0. Само четири дена откако со 3-1 славеа во првиот осминафинален куп-натпревар во Скопје, „црвено-црните“ го одиграа најлошиот меч сезонава. Во 32,минута, откако Глигоров направи пенал, шестиот триумф на ренова годинава, а четврти на свој терен, го најави Емини. Павловиќ го одбрани неговиот удар од белата точка, но не и оној по одбиената топка. Судијата Александар Ставрев досуди казнен удар за домашниот тим и во 69. минута, кога Бојовиќ го фаулираше Фетаи. Овој пат прецизен беше Мемеди. На 14 минути пред крајот, по додавање од Скендери, со својот втор погодок Емини ги постави конечните Ренова-Вардар 3-0.
Преостанатите три натпревари од ова 16.коло ќе бидат одиграни утре од 13 часот. Металург ќе го пречека Турново (со пренос на Собраниски од 13 часот), Силекс во Кратово ќе игра со Шкендија, а Тетекс ќе му биде домаќин на Пелистер.
