Мојсоски го урна проклетството
Металург најде сили и покрај сета негативна енергија што ги опкружуваше во овој период, и успеа да потсети на триумфалните настапи во Лигата на шампионит...

Наумче Мојсоски погоди на три секунди пред крајот за 29-28 против неговата поранешна екипа Ла Риоха, крунисувајки ја извонредната реализаторска партија со 11/11 урнувајки го проклетството во арената Борис Трајковски.
Металург најде сили и покрај сета негативна енергија што ги опкружуваше во овој период, и успеа да потсети на триумфалните настапи во Лигата на шампионите.
Во финишот на 180 секунди до крајот кога многумина очекуваа металурзите да добијат уште еден шамар, зашто гостите имаа два разика, кај нашите ракометари проработе добропознатиот менталитет.
Митревски ја имше клучната одбрана, Димовски беше прецизен за изедначување, па за Мојсоски остана ударот за експлозија и за огромна самодоверба по најдоброто негово издание годинава.
Очекувано изедначен двобој. Шпанците постојано се закануваа, изедначуваа иако имаа и негатива од три во првиот дел. Во последните 10 минути и влегоа со два позитива, но македонските репрезентативци пронајдоа мотиви и заслужија да и се израдуваат на првата победа оваа сезона во елитната конкуренција.
Одличнот Мојсоски имаше вистинска подршка во Вугринец кој постигна 10 гола, и во предводникот од голот Митревски кој одбрани 11 удари. Гарсија Лоренцана со седум гола беше прв стрелец на Ла Риоха.
