„Веибо груп“ ќе вработи 5 илјади и 600 лица

23.11.2014 16:22

Иако првичната најава беше дека ќе вработат 4 илјади лица, овој број го зголемија за уште 1600-ни, најави премиерот Груевски во интервјуто за Сител...

Веибо групацијата во Македонија ќе вработи 5 илјади и 600 лица. Иако првичната најава беше дека ќе вработат 4 илјади лица, овој број го зголемија за уште 1600-ни, најави премиерот Груевски во интервјуто за Сител.

Една од компаниите кои својата инвестиција во државава ја најави пред изборите, почнува од месец декември.Груевски додаде дека голем број на компании се пред финална одлука да инвестираат во Македонија,а има најави и од други за инвестирање. Се очекува од новите инвестиции кои доаѓаат во државава да бидат вработени вкупно 13 илјади граѓани.