Кои се причините за зголемениот број разводи во Македонија?
Кои се причините за зголемениот број разводи во Македонија. Нискиот стандард и секојдневната изложеност на стрес се дел од предизвиците со кои се соочуваат младите брачни двојки, но, што станува со љубовта, ако основниот мотив за заеднички живот биле љубовта и разбирањето?

За 30 насто е зголемен бројот на разводи во 2014-та година во однос на лани. Во Куманово се развеле 180 двојки и 20 се во судска постапка. Што е неопходно за успешен брак и зошто граѓаните се одлучуваат на овој чекор, ако оснонвниот мотив за заеднички живот бил споделување љубов и разбирање?
„Младите сега имаат други погледи на животот.Се чувствуваат способни сами да си го водат животот и многу тешко прифаќаат сугестија од друг, што треба и како треба“.
„Секој пар е своја приказна и секој си има свои причини зошто се одлучува на развод“.
„Сметам дека изневерувањето со друг партнер главна причина , а има и случаи со многу пари располагаат и не знаат како да се носат со нив“, сметаат граѓаните.
Отуѓеноста, недворебата како и вијанието на брзото темпо на живот , па и социјалните мрежи се дел од причините за разнишување на брачната заедница според експертите.
„Низок степен на толеранција, недовреба, меѓуебното непочитување, губење на емоции и емпатија е карактеристично за паровите кои по повеќе од 10 години брак .Овој кризен период не успеаваат да го надминат и се одлучуваат на развод“, вели психологот Сузана Митровска.
Брачните советувалишта, првично се обидуваат да се смират партнерите, особено ако има деца во бракот. Но мировната постапка ја прифатиле само 6 двојки.
„Чувството на вина кај децата е карактеристично по разводот.Ние ги советуваме и разговараме со нив дека тоа не се случува поради нив и дека разводот е исто така еден да кажам нормален процес, за да го надминат полесно овој период.На брачните партнери им укажуваме дека родителските постапки не престануваат со прекин на бракот вели Срѓан Рашити“, правник во брачно советувалиште.
Стапката на бракоразводи не е поголема само заради економската криза и општото незадоволство во бракот, тука и заради синдромот наречен Авганистан.Голем дел од браковите биле прекинати поради одалеченоста на партнерите кои немале нормален однос повеќе од 2, 3 или 4 години.
Габриела Димковиќ
