Кавадарчанец доделил две илјади пакетчиња

31.12.2013 10:45

Две  илјади  деца од кавадаречко годинава  новогодишната бајка ја доживејаа во дворот на семејството Вареловски. Тука секое попладне, домаќин на љубопитните дечиња е Дедо Мраз. Многу желби се искажаа, многу подароци подадоа, вели Ѓорги  кој заедно со семејството преку целата година неуморно работи за секоја наредна година дворот да биде со нов новогодишен лик.

„Целата фамилија сме среќни, измислуваме нешто ново стално, порано имавме кукли, сопругата  го дотера им соши одела , машнички им ставивме“, рече Горги Вареловски.

Многу новогодишни фотографии во семејните албуми се направени  токму од овој двор., а семејството добивало предлози да биде предложено за влез во Гинисовата книга.

„Ова го правам со надеж не дека ќе бидам рекордер или ќе влезм во гинис туку се гледа човечноста.2000 деца да поминат за десетина дена  низ еден двор мислам дека е огромна гордост“рече Вареловски.

Цели 17 години  вака семејството Варелови ја испраќа старата и пречекува новата година.Велат  колку повеќе дечиња поминат низ нивниот двор толку е поголем а надежта дека нивниот пример ќе го следи  и  некој друго семејство.

Дијана Иванова