Младите максимално го користат интернетот, но само за социјалните мрежи

23.11.2014 16:31

Младите во Македонија максимално го користат интернетот но речиси само за социјалните мрежи. Треба да се менува односот и да го користат за покренување идеи и општестевено корисни акции...

Интернетот се користи максимално, но колку правилно и корисно? Младите во Македонија не гледаат телевизија, не слушаат радио, постојано се на социјалните мрежи, покажало истражувањето на Младинскиот сојуз на Македонија. Ја заборавиле елоквентноста.

„Имаат недостаток на три вештини. Значи, не знаат да се изразат концизно. Понатаму, дигитални вештини немаат, значи не се запознати со основната терминологија и како да употребуваат некои од алатките кои се достапни на интернетот. И дека немаат социјални вештини, односно дека немаат самодоверба кога нешто сакаат да го „истуркаат“ тоа од идеја до реализаци“, вели Маријана Јанческа, проект координатор во Младински сојуз на Македонија.

Како интернет технологијата да стане општествено корисна за младите? Да бидат креативни и активни? Идеи има.

„Да се намали таа етничка нетолерантност или религиска ди се залагала преку фејсбук група“, вели Павлинче Секулоска, студент.

Младинскиот сојуз со работилници за средношколците и студентите од неколку градови.

„Да организираат чистење на нивната улица или соседството преку покренување на фејсбук група. Или фејсбук  кампања: Ајде да ја исчистиме нашата улица! Или во нивното училиште да организираат воведување на неколку нови содржини за подобрување на наставната метода“, вели Методија Стојчески, претседател на Младински сојуз на Македонија.

На Балканот, младите од Хрватска се меѓу првите во општествено активно користење на интернетот.

Елизабета Митреска