Крушево става крај на кражбите и нерационалното користење на водата за пиење
Општината потпиша договор со Светска банка за кредит тежок 5,5 милиони денари со кој ќе се постават 550 водомери во селата Алданци, Норово и Саждево...

Крушево реши да стави крај на огромните кражби и нерационалното користење на водата за пиење. Општината потпиша договор со Светска банка за кредит тежок 5,5 милиони денари со кој ќе се постават 550 водомери во селата Алданци, Норово и Саждево. Во овие населени места жителите во енормни количини, водата за пиење ја користеле за наводнување на полето и ја краделе.
„Слободно можам да кажам дека владее едно безредие во користењето на водата, таа се користи нерационално, недомаќински за наводнување на земјоделски површини што во услови на криза на вода за пиење е сосема неразумен чекор“, истакна Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на Крушево.
Водомерите ќе се поставувале надвор од дворовите на куќите, за да жителите неможеле да сеприклучат на диво на водоводниот систем.
„Моментално двете села Алданци и Норово трошат околу 50.000 кубни метри вода месечно, што во нормални услови тоа би требало да биде околу 20.000 кубни метри. Тоа претежно се однесува на кражби на водата“, рече Велко Крстески, директор на на ЈП „Комуна“ Крушево.
Проектот освен што ќе ја спречи кражбата во летните месеци ќе обезбеди и константно водоснабдување без проблеми во селата.
Претходно Општина Крушево наместо 350 водомери во селата Борино, Пресил и Свето Митрани со што заштедите на вода во овие населени места сега биле повеќе од 100 проценти.
Се очекува и поставувањето на новите водомери да го даде овој позитивен резултат.
Дарко Штаргоски
