Струмичките средношколци и студенти се враќаат на печатените книги

23.11.2014 16:47

Во Струмица не опаѓа интересот за печатената литература. И покрај сеприсутноста на и-ти технологијата, мнозинството сепак претпочитаат книги...

Интернетот се уште не ја добил битката со издаваштвото. Последниве четири пет години средношколците и студентите се враќаат на печатените книги, тврдат од книжарниците. Бестселери, класици, но и стручна литература се најмногу барани од граѓаните. Тие пак, со различни афинитети кога стѕанува збор за пишаната уметност.

„Политички книги во кои има опишано активизам, така да обични книги многу не практикувам да читам.“

„Руска литература.“

„Повеќе тинејџерски и љубовни книги“, велат анкетираните млади струмичани.

Социјалните мрежи, виртуелниот свет се закануваат да ги фрлаат во заборав дружењето не само со книгата, туку и со луѓето. и повозрасните, но и младите се свесни за тоа.

„Луѓето малку се отуѓуваат од себе, а јас топмло ви препорачувам да прочитате некоја книга“, вели еден струмичанец.

Од книжарниците велат дека неретко, читателите доаѓаат со наслови кои ги сретнале на интернет и ги бараат во печатена форма.  Среќа е велат,  тие, што последниве десет години издаваштвото во Македонија бележи подем.

„Во Македонија во последните 10 години навистина зема замав издаваштвото, поточно сите светки бестселери во голема мерка се преведуваат“, вели Ѓорѓи Симевски од книжарницата „Култура“.

Редовни читатели има и во струмичката библиотека. Околу 2.500 корисници од шестгодишна возраст, и голем број пензионери, четивата за разнода и за учење ги изнајмнуваат оттаму.

Катерина Дафчева