Бурна политичка недела во Стразбур

23.11.2014 16:51

Сите 28 европски комесари ќе допатуваат утре во Стразбур за да присуствуваат на расправата заиницијативата за недоверба против Жан-КлодЈункер, поттикната од екстремно десничарските европарламентарци. Но оваа сесија ќе остане пред се одбележена со обраќањето на папата Фрнциско пред Европскиот парламент и Советот на Европа и планот за инвестиции во износ од 300 милијарди евра.

Еден месец по гласањето за новиот состав на Комисијата, Европскиот парламент повторно ќе траба да гласа за доверба или недовреба. Со оглед дека не може да гласа само за Јункер, туку за целата Комисијат, затоа солидарноста на Комисијата со својот претседател. 

Тоа што не и успеа на крајната левица и  успеа на крајната десница. Групата за Европа на слобода и директна демократија на британецот Најџел Фарџ од УКИП, заедно со францускиот Национален Фронт успеаа да соберат 76 потписи и да поднесат барање за гласање доверба на Жан-Клод Јункер, поради афертата „ЛуксЛикс“ системот за избегнување на данокот разработен од Луксембург.

Прв пат за доверба на Комисијата се гласаше во 2005 година, исто така по иницијатива на Најџел Фарџ, кога тој го обвини Жозе Мануле Баросо за поминатиот одмор на јахтата на грчкиот бродски и банкарски магнат Спирос Лацис.

Расправата за довербата на комисијата е предвидено за утре во 18 часот, додека гласањето ќе биде во четврток .

Ова е нов обид на еурофобите да ја ослабат Европската Унија. Практиката на Луксембург чиј премиер долги години беше Јункер е дозволена легално, сепак таа често предизвикува негативни рекации и кај умерените партии. Никој не верува дека во четврток Јункер ќе ја изгуби довербата на ЕП, бидејќи тоа би значело политилка криза по тешката економско-финансиска криза на ЕУ. Францускиот еврокомесар Пјер Московиси, доби како задача да се обиде да ја усогласи даночната политика на ниво на ЕУ, а додека еврокоемсаркатаВестагер да ја заврши истрагата за Луксембург.

Сепак доаѓањето на Комисијата во Стразбур е и поради историската посета на папата Фрнциско на европските инсититуции, но и гласањето на буџетот од 300 милијарди евра за европски инвестиции.

Од утре во Стразбур на сила се тешки безбедносни мерки поради посетата на папата. А во среда и четврток тука се состанува и мешовитиот парламантарен Комитет ЕУ-Македонија.

Тони Гламчевски