Обама со нови директиви за американската војска во Авганистан
23.11.2014 17:00
Одлуката, што била донесена во последните недели, на американските сили во Авганистан ќе им дозволат извршување на ограничени мисии против Талибанците...

Американскиот претседател Барак Обама ги одобри новите директиви за американската војска во Авганистан. Одлуката, што била донесена во последните недели, на американските сили во Авганистан ќе им дозволат извршување на ограничени мисии против Талибанците.
Тоа ќе бидат операции, што ќе се спроведуваат, доколку се утврди дека се неопходни за да се заштитат Американците или да се даде поддршка на авганистанските сили за безбедност.
