Борче Величковски старо-нов претседател на македонската заедница во Србија

23.11.2014 17:14

Борче Величковски- Нов претседател на македонската заедница во Србија. Во Панчево конституиран новиот совет на македонското малцинство...

Во Панчево -Македонците од Србија, преставени преку 23-те електори избрани на малцинските избори, одржаа конститутивна седница на новиот состав на националниот совет. На седницата, од предложените кандидати со мнозинство од 14 гласа за, 2 против и 7 воздржани-за старо-нов претседател на македонската заедница во Србија избран е (41 г.) магистерот за менаџмент во медиумите Борче Величковски од Панчево.

„Голема привилегија е да се биде по втор пат претседател на највисоката македонска инстанца во Србија. Голема благодарност до членовите кои уште еднаш ми ја дадоа подршката. Убеден сум дека сите заеднички ќе имаме уште подобри резултати во идниот период“, рече Борче Величковски, претседател на НС на македонскато малцинство во Србија.

Новите преставници на Националниот совет, донесоа нов статут и деловник за работа, според кој до крајот на годината треба да се вклучат над 70 припадници на македонската заедница во работните тела задолжени за унапредувањето на правата во образованието, културата, информирањето и зачувување на јазикот.

Во Србија според последниот попис живеат околу 24.000 македонци, но според ОБСЕ проценките се дега ги има над 150.000. Заложбите на новото раководство на Националниот совет е поголемо и поактивно вклучување на македонците во остварување на нивните малцински права.

Од Панчево за МТВ-Оливер Бранковиќ