Ставрески: Следната година Кратово ќе добие нова индустриска зона
Ќе се инвестира во нови погони, а потребата за работна сила ќе отвори нови работни места. Според очекувањата зоната ќе биде готова до средината на 2015-тата година...

Кратово ќе заживее. 2014 година е година на значајни инвестиции за градот. Новата индустриска зона на која интензивно се работи е еден од круцијалните проекти во Кратово значаен за економски раст и развој. Ќе се инвестира во нови погони, а потребата за работна сила ќе отвори нови работни места. Според очекувањата зоната ќе биде готова до средината на 2015-тата година.
,,Ќе дадеме и дополнителна финанскиска поддршка за реализација на крупни инфраструктурни проекти во Кратово. Пред се сакам да ги споменам индустриската зона за којашто очекувам до средината на некаде следната година да биде целосно завршена. Ќе биде во рамките на сегашната фабрика Иднина Зме.“, рече Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
Во рекорден рок санирано свлечиштето во градот, што беше опасност за безбедноста на жителите. За таа намена беа потрошени 58 милиони денари од државната каса. Сега на тоа место ума модерна собраќајница со две коловозни ленти и пешачка патека. Владата вели Ставрески ќе помага на локалната власт за реконструкција на инфраструктурата.
,,Асфалтиравме и изградивме неколку локални патни правци. Во с. Трновац, Туралево, с. Шопско Рудари, с. Вакав, Каврак кадешто асфалтиравме 3.2 км да ја поврземе нашата општина со општина Пробиштип и со браната Злетовица“, рече Мите Андоновски, градоначалник на Кратово.
На средбата вицепремиерот Ставрески и градоначалникот Андоновски разговарале и за можноста за изградба на паркинг и градски пазар. Според најавите Кратово идната година ќе добие и нова спортска сала.
Сања Спиридонова
