Возачите ги врзаа појасите

23.11.2014 17:28

Кампањата за безбедност во сообраќајот им ги врза појасите на возачите...

Навиките се стекнуваат, но се менуваат. За два месеца за 14 проценти се зголемил бројот на граѓани кои користат безбедносен појас во возилата. Резултатите во урбаните средини покажуваат значајни подобрувања, додека пак, во рураните и помалите места свесноста се уште не постигнала задоволувачко ниво.

„Како оправдување за некористење сигурносен појас ги наведуваат кратките релации што ги возат и намалената брзина.  Во светски размери последиците од сообраќајни несреќи се при мали брзини се големи.“, вели Анѓелко Василески, член на РСБСП.

Многумина од патниците, појасот во возилата го користат исклучиво поради законската обврска, покажуваат анкетите на републичкиот совет за безбедност. Сепак како што велат оттаму,користењето на појасот е пред се поради лична заштита.

И покрај бројните апели, дел од возачите но и патниците речиси никогаш не користат безбедносен појас. Многумина од нив умешно се кријат и од полициските контроли, но истражувањата покажуваат, појасот навистина спасува животи.

Кампањата што се спроведува веќе два месеца, ги дава резултатите,велат надлежните. Од набљудувани 10-тина илјади возила, и колку возачите ги користат сигурносните појаси, предводник е демир капија со 68 проценти. Во скопје тој процент е 58, а на дното се гостивар и кичево.

Андријана Атанасовска