Успехот пресуден за универзитетска диплома
Крај на лажните десетки. Државниот испит ќе помогне успехот да биде пресуден за диплома. Студентите биле изманипулирани дека ќе бидат екстерно тестирани...

Некој се обидува да ги изманипулира студентите за екстерно тестирање. Велат се и сешто се изнаслушавме, се испаничивме. Биле под притисок дека ќе полагаат екстерно секоја година. Сметаат дека треба навистина да се стави крај за оние кои само за неколку месеци добиваат диплома, или, како што велат не учат, а полагаат со висока оценка.
„Постојано случаме секакви муабети, слушаме еднаш дека ќе имало екстерно тестирање во прва, во втора, во четвртта, а во суштина тоа ќе било државен испит и ќе може да се полага поголем број пати. Мислам дека треба да се воведи некој ред.“
„За џабе се крена бука околу екстерното, сигурно некои студенти не биле доволно инфомирани што е како е.“
„Некои студенти ја земаат дипломата преку ноќ, односно со пари, тоа не е во ред“, велат анкетираните студенти.
Преку социјалните мрежи, па дури и преку некои медиуми се шират сеуште дезинформации за државниот испит. Забележани се и луѓе кои сакаат да ја исполитизираат оваа образовна мерка која треба да го подигне квалитетот на студирањето. Државниот испит оди во прилог на нас студентите, вели претседателот на студентскиот парламент при Универзитетот Гоце Делчев – Штип. Дипломите да ги добиеме со знаење, а не со пари.
„Моментално го чувствуваме тој хендикеп дека на многу факултети во државата студентите ги добиваат дипломите со пари а не со знаење. Тоа значи дека ние заедно со останатите студентски организации во Македонија ќе работиме на подобрување на предлог-законот од ресорното министерство се со цел за да се подобри студентската иднина во Македонија“, вели Горан Стаменков, претседателот на студентскиот парламент на Универзитетот Гоце Делчев – Штип.
Власта смета дека екстерното тестирање е манипулација на опозицијата, со која сакаат да исполитизираат една образовна мерка.
„Мислам декла политиката ќе ги вади студентите на улица. По сите наши информации, СДСМ беше силно фокусирана студентите да излезат на протест. Особено на Правниот, Економскиот факултет во Скопје, Архитектонски факултет, дури професорите ги поттикнувале студентите да излезат на протест. Од информациите кои ги добивме, на Архитектура особено, по список одредени професори ги терале студентите да излегуваат на протест. Тоа е дел од плурализмот, не е етички како за професор, но не можеме тоа николку да му го забраниме“, рече Никола Груевски, претседател на Владата.
Екстерно тестирање во високото образование не се планира и нема да има. Ќе има државен испит кој ќе се полага во 2017-та ,а ќе ги опфати генерација 2015-2016 година. Нема да бидат опфатени студентите кои веќе се запишани на факултет.Со тоа вели премиерот Груевски ќе се стави крај на незаслужените десетки. Државниот испит ќе може да се полага безброј пати , се додека не се добијат бодови потребни за продолжување на студиите. Државен испит од ваков вид се спроведува во Полска, Словачка, Унгарија Чешка и други европски земји. Главната цел на државниот испит е студентите на одредени универзитети да не можат да добиваат незаслужени високи оценки, што досега често беше пракса. Надлежните велат дека концептот за државниот испит не е конечен. Ќе се дообработува и е отворен за сугестии од сите засегнати страни. Ќе има и дебата за финализирање на моделот.
Наташа Гркова-Петрушевска
