Заокружено 16-то коло
Металург во Скопје го порази Хоризонт со 2:0. Александар Стојановски беше стрелец на двата гола, давајќи му обележје на мечот. Шкендија продолжува да го менува првенственото лице...

Во натпреварите на аспирантите за излез во Европа, Металург и Шкендија се изборија за вредни бодови. Металург во Скопје го порази Хоризонт со 2:0. Александар Стојановски беше стрелец на двата гола, давајќи му обележје на мечот. Шкендија продолжува да го менува првенственото лице. Денеска тоа беше победничко во Кратово против Силекс. Вручина беше реализатор на единствениот погодок. Во Тетово, Тетекс и Пелистер одиграа нерешено 1:1. Тетекс ја прекина „црната серија“ од 11 порази едноподруго. Пелистер му се израдува на првиот постигнат гол во последните 7 последователни натпревари.Ступиќ ја погоди мрежата на Тетекс, отстранувајќи ја „магијата“ од противничките мрежи.
Прва лига-16 коло: резултати
Металург-Хоризонт 2:0
Силекс-Шкендија 0:1
Тетекс-Пелистер 1:1
Ренова-Вардар 3:0
Работнички-Брегалница 4:0
Табела:
1.Вардар 37
2.Работнички 34
3.Шкендија 27
4.Металург 24
5.Силекс 24
6.Ренова 22
7.Хоризонт 20
8.Пелистер 18
9.Брегалница 12
10.Тетекс 3
