Штрковите високо летаа во Александровац
За првпат годинава не покажаа кризни моменти и уште од стартот се погрижија да ги смират домашните навивачи, кои немо ги следеа настаните во салата Лакташи...

Кочечно гостинска победа во АБА лигата за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, кои славеа над Игокеа со 76 : 61 во 9 коло. Тоа беше 3 победа за македонскиот шампион, која ја изборија во голем стил со константно добра тимска игра во целиот меч. За првпат годинава не покажаа кризни моменти и уште од стартот се погрижија да ги смират домашните навивачи, кои немо ги следеа настаните во салата Лакташи. Одиграа машки и борбено што е сосема спротивно од она што во последните 4 кола стана нивна одлика, кога делуваа дезорганизирано, па на моменти и хаотично што резултира со 4 тешки порази во кои постигнуваа по едвај 55 поени со лош процент на реализација. Затоа синоќа ја имаа резултатската контрола од самиот почеток па до последните моменти од мечот, пред се со цврста одбрана која му даваше сигурност на нападот. Имаа многу повисок процент од игра и особено за 3 поени, имаа 3 асистенции и исто толку украдени топки повеќе и 3 загубени помалку, а индивидуално петмина во своите редови со двоцифрен ефект. Кога беше најпотребно и вистински предводник во Дамјан Стојановски, кој заврши со 20 поени 3 скока и 4 асистенции како и во снајперистот Марко Симоновски со 4 тројки. Со тоа МЗТ Скопје Аеродром ја прекина серијата од 4 порази и доколку вака продолжи, може да очекува пртиклучок кон средината на табелата.
Следниот предизвик за металците е Унион Олимпија, одново на гости во сабота на 29 ноември. Во меѓувреме 9 коло ќе се комплетира по двата дуела меѓу хрватските и српските ривали. Првиот е вечерва меѓу Партизан и Цибона, а вториот е утревечер меѓу учесниците во кошаркарската Евролига Цедевита и Ц. Звезда со пренос на Собранискиот сервис од 20.30 часот.
