Прободени две момчиња во скопски Аеродром
23.11.2014 17:52
Непознати лица се осомничени за убиство во обид на 23-годишникот и една година помлад другар, кој поминал со полесна исеченица...

23-годишно момче приклучено на апарати за дишење во Карил е резултатот на ноќешата пресметка со ножеви во Аеродром. Изгубило големо количество крв по убод во една од главните артерии и го спасила само брзата интервенција на лекарите.
Непознати лица се осомничени за убиство во обид на 23-годишникот и една година помлад другар, кој поминал со полесна исеченица.
