Тешко се менуваат навиките: Со автомобил по чист воздух
Внимателно, но и совесно треба да возиме. Тешко ни паѓа да се откажеме од автомобилите, дури и кога треба да дишеме чист воздух. Граѓанската свест за сопственото здравје се уште е на ниско ниво.

Ретко убав есенски ден, па скопјани излегоа од домовите. Повеќето навалија на Водно, ама не пеш. Граѓанита како да не можат да се ослободат од таа пуста лоша навика. Секаде да се оди со автомобил, ако треба и по чист воздух.
„Малку сме подалеку од Водно, може и пеш, зошто да не.“
„Најубаво, природа, чист воздух, сонце. Единствено не ми се допаѓа што со колите овде брзо возат“, велат анкетираните граѓани.
За воља на вистината многу ретки, ама имаше и такви што пешачат низ планината, некои со внучињата, некои со миленичиња.
„Би препорачал секој кој може, којби сакал да излезе, убаво е“, вели еден граѓанин.
Властите ги затворија најголемите индустриски загадувачи. Се чини тешко ни оди со свеста сами да придонесуваме за чистата околина
За само неколку минути десетици возила минуваат на падините на водно. Единствениот природен филтер над Скопје се чина како се повеќе да се излужува на загадување.
Честа глетка е во автомобилите да е само возачот. А автобусите на јавниот превоз остануваат празни.
„Треба повеќе да се користи јавниот превоз, да не се создава толку гужва.“
„Предноста е во тоа што не амортизирам свое возило“, велат анкетираните граѓани кои користат јавен превоз.
Двојно поголеми се вредностите на лошите честички во воздухот, сеуште се дише со потешкотии. На небото над скопје, ако ги игнорираме преубавите параглајдери, не може да не забележиме дека загадувањето е најупорниот гостин кого со нашата негрижа постојано го потхрануваме.
Фиљана Кока
