Утре почнува акцијата „Отворено со Катастарот”

23.11.2014 18:20

Вратите на Агенцијата и нејзините 30 подрачни одделенија низ државава ќе бидат отворени секој ден од 9 до 17 часот...

Агенцијата за катастар на недвижности од утре почнува со акцијата „Отворено со Катастарот”, чија цел е граѓаните кои имаат прашања и проблеми да им се овозможи да ги решат веднаш, на самото место, да се запознаат со спроведените реформи и новини, но и да дадат сугестии, предлози и идеи за подобрување на работата на катастарската служба.

Вратите на Агенцијата и нејзините 30 подрачни одделенија низ државава ќе бидат отворени секој ден од 9 до 17 часот.

Билансот на Катастарот во моментов е 107 илјади запишани граѓани, со добиен имотен лист, а вкупната бројка на поднесени барања достигна 36 илјади. Од минатата недела почна и дистрибуцијата на направените елаборати, вкупно 603, за социјалните случаи кои имаат доставено вкупно 1.256 барања за легализација. Рокот за поднесување елаборат истекува на 31 декември 2015 година. Акцијата „Отворено со Катастарот“ започна во 2007 година и се спроведува седма година по ред.