Десетици повредени во силен земјотрес во Јапонија

23.11.2014 18:24

40- сетина куќи се урнати, а во неколку населби дошло до прекин на водоснабдувањето...

Најмалку 39 лица се повредени, од кои седум потешко, во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди централниот дел на Јапонија.

40- сетина куќи се урнати, а во неколку населби дошло до прекин на водоснабдувањето. Во областите кај епицентарот биле евакуирани околу илјада лица. Нема предупредување за појава на цунами, ниту се регистрирани невообичаени појави во трите нуклеарни централи во погодените области соопштуваат јапонските власти.