Танцувачко шоу во Струга

31.12.2013 11:12

Настанот беше во стилот на студиото со необични модни ревии, “шоу денс“ точки кои претставуваа одлична новогодишна забава. „Струга моден ден“ е интересен настан, а во  програмата учествуваа неколку ѕвезди од македонската естрада со кои студиото веќе има соработувано.

Настанот беше во стилот на студиото со необични модни ревии, “шоу денс“ точки кои претставуваа одлична новогодишна забава. „Струга моден ден“ е интересен настан, а во  програмата учествуваа неколку ѕвезди од македонската естрада со кои студиото веќе има соработувано.

Мојата соработка со Бах започна пред две години кога настапувавме на Макфест и Сунчане скале и мислам доста сме успешни на музички план. Што се однесува на настаните кои ги организира Бах со задоволство присуствувам на секој од нив. Овој тип на манифестации јас го поддржувам и стојам зад нив и мислам дека за младите треба да биде ова поттик за понатамошна работа, истакна познатиот охридски пејач Денис Мурат.

Моден ден е настан кој го организира студиото за модерен танц Бах од Струга, а во поново време студио за танц и манекенство. Ова беше одлична можност и еден вид новогодишна честитка од страна на професорите на ова студио.

Моден ден е настан во Струга во кој ќе има балетски точки карактеристични за нашето студио со шоу денс изведби испреплетени со модни ревии кои ќе бидат застапени во шест групи од познати бутици во нашиот град, една интересна програма која ќе ги опфати сите старосни групи, истакна професорот за модерен танц Тања Мојсоска.

Студиото за танц „Бах“ на пошироката јавност и е познато по необичните сценски настапи со пејачите од македонската естрада, настапи за кои неколку години наназад се наградувани со награди за најдобар сценски настап. Традиционално за студиото е тоа што секоја година во месец јуни прават спектакуларно шоу наречено „Бах Шоу“.

 

Јованчо Наумоски