Масовни протести во Тирана
23.11.2014 18:31
Симпатизерите на албанската опозиција масовно се собраа да го изразат својот револт, како што велат, против се поголемото осиромашување на народот и се потешкиот живот во земјата...

Масовни протести во Тирана. Околу 250 илјади луѓе незадоволни од политиката на актуелната влада во Албанија, едногласно скандираа плоштадот Скендер Бег.
Симпатизерите на албанската опозиција масовно се собраа да го изразат својот револт, како што велат, против се поголемото осиромашување на народот и се потешкиот живот во земјата. Само еден час по протестот премиерот Еди Рама изјавил дека Владата нема намера да се повлече од започнатите реформи.
