Тутунарите се подготвуваат за откупот

23.11.2014 18:46

Се очекува производство на ориентален тутун од околу 30 000 тони, што ќе значи дека ќе има и вишок од предвиденото...

Тутунопроизводителите се подготвуваат за откупот кој годинава се очекува да почне порано. За разлика од лани, квалитетот е послаб, но, тие се задоволни од реколтата. Се очекува производство на ориентален тутун од околу 30 000 тони, што ќе значи дека ќе има и вишок од предвиденото. Тутунарот Гоце произведува до 5 тони тутун. Се прехранува од оваа култура. Вели едвај чека да почне откупот, задоволен е што државата дава субвенции.

„Расадот кога ќе се посеи нон стоп треба да има двајца или тројца луѓе кои ќе работат“, вели Гоце Јанчевски, тутунопроизводител од прилепско.

Откупните компании годинава пријавија откуп од 14,000 хектари. Од здружението на тутунари велат дека не се очекуваат никакви проблеми и дека ќе биде откупено целото производство .

„Ние најмногу би барале на втората и третата класа затоа што грото на тутунот тука се наоѓа. Тие горни средни листови коишто одат во втора класа до 16 см се наоаѓаат на средина на стракот Цената на третата класа се движи зависно од компанијата, најниска е 130 денари“, велат од здружението на тутунари.

Има доволно површини за тутун. Од наредната година  тие ќе се обележуваат и електронски. Но, нерешените  имотно-правни односи ќе ги закочи договорите, велат тутунарите.

„Непрефрлена земја од дедовци, па и од праддеовц,  овде има голем проблем. Што се однесува до државната зеја, има земја што се зема под концесија, а има земја што с еоткажува“, вели Бчагоја Петрески, тутунопроизводител.

Во пелагонискиот регион се произведува најголемата количина тутун  - дури 20 000 тони.

Дијана Ценевска