Груевски во работна посета на Виена

24.11.2014 10:05

Премиерот ќе се обрати на реномираниот и престижен Виенски економски форум, а ќе присуствува и на состанокот на Централно- европската иницијатива, каде што ќе се изврши и чинот на официјално преземање на претседателството со Иницијативата...

Премиерот Груевски денеска ќе присуствува во Виена каде ќе се обрати на реномираниот и престижен Виенски економски форум, каде што ќе се дебатира за предностите, влијанието и перспективите на регионалната економска соработка.

Претседателот на македонската Влада ќе присуствува и на состанокот на Централно- европската иницијатива, каде што ќе се изврши и чинот на официјално преземање на претседателството со Иницијативата од страна на Република Македонија од досегашниот претседавач Република Австрија.

Премиерот  Груевски ќе оствари средба и со претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти, на која ќе се дискутира за можностите за соработка на поголем број тековни и идни проекти кои се од взаемен интерес.