Земјоделство

Добри услови за презимување на земјоделските површини

24.11.2014 10:12

Неделава ќе има стабилно време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат и под нулата. Ова се добри услови за земјоделците да ги поготоват површините за презимување...

Неделава стабилните временски услови ќе овозможат на земјоделците да ги довршат работите на полињата.

Според агрометеорологот Ангелко Ангелески од Управата за хидромелиоративни работи, овој период може да се искористи за длабокото орање и подготовка за пролетна сеидба.

Оставањето отворени бразди преку зимата ќе овозможи собирање на зимската влага.

Посеаните површини треба да се третираат со фунгициди и хербициди, а во градинарството да продолжи берењето на доцниот зеленчук и садењето на раниот пролетен.

Во овоштарството се препорачува засадувањето на новите дрвца.

 

Методија Трајков