Бадник неработен за православните христијани, Божик за сите граѓани

31.12.2013 11:35

Министерството за труд и социјална политика...

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија , 6-ти јануари 2014 година Бадник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека  7-ми јануари Божик, првиот дена Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството,им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед