Косово ќе добие коалициска влада

24.11.2014 10:58

Како најверојатен датум се споменува четвток...

Во наредните денови Косово треба да добие коалициска влада и да се одржи конститутивната собраниска седница. Ова го соопштија лидерите на ДПК, Хашим Тачи и на ДСК, Иса Мустафа, по синоќешната средба во Приштина.

Косовските медиуми како најверојатен датум го споменуваат четвток, кога на конститутивната седница ќе биде избрана и новата влада.