Силно невреме и поплави на југот на Мароко
24.11.2014 11:01
Стотина куќи се делумно или целосно уништени, отсечени се повеќе патишта...

Во силно невреме со поплави што го зафати југот на Мароко загинаа 8 лица, а спасувачите трагаат по 24-ца кои се водат како исчезнати.
Меѓу нив е и 9-годишно девојче, кое со уште шест лица се удавило во надојдената река Тамсурт. Стотина куќи се делумно или целосно уништени, отсечени се повеќе патишта.
„Спиевме во три ноќта, кога не разбуди водата од Оуед Лахџар. Се обидовме да побегнеме од поплавата и да ги спасиме шесте деца“, вели локален жител.
Метеоролозите предупредуваат дека невремето ќе трае до утре попладне.
