Последен рок за преговори помеѓу Иран и Советот за безбедност
24.11.2014 11:06
Според иранскиот претседател Рохани, договорот ќе беше постигнат ако Западот немал претерани барања...

Истекува последниот рок за преговорите на Иран со петте членки на Советот за безбедност на Обединетите нации плус Германија. Рундата разговори веќе се смета за пропадната поради непремостливи разлики во ставовите.
„Фокусирани сме на последниот голем обид да постигнеме договор. Ако не успееме, ќе видиме што понатаму“, изјави Филип Хамонд, секретар за надворешни работи на Велика Британија.
Според иранскиот претседател Рохани, договорот ќе беше постигнат ако Западот немал претерани барања. Сега се преговара за продолжување на средбите.
