Сиромаштијата ќе расте поради глобалното затоплување
Без брзи и ефикасни дејствија затоплувањето на климата и неговите последици можат да ја зголемат сиромаштијата во повеќе региони во светот, се наведува во документот на Светската банка...

Светската банка во својот последен извештај предупредува дека глобалното затоплување може значително да ја зголеми сиромаштијата во светот, намалувајќи ги земјоделските реколти и доведувајќи го во прашање прехранувањето на милиони луѓе.
Без брзи и ефикасни дејствија затоплувањето на климата и неговите последици можат да ја зголемат сиромаштијата во повеќе региони во светот, се наведува во документот на Светската банка.
Ако меѓународната заедница не успее да ја постигне целта и да го ограничи глобалното затоплување до два степена целзиусови во споредба со прединдустриската епоха, ќе настапат суша, горештини и зголемување на киселоста на океаните.
Доколку хипотетички температурите се зголемат за четири степени, екстремните климатски промени, кои досега во најлош случај се појавувале еднаш во период од еден век, би можеле да станат нова климатска норма, посочува Светската банка, додавајќи дека најголем ризик постои за регионите на Латинска Америка, Блискиот исток и Источна Европа.
