Нема спојување на празниците

24.11.2014 11:51

Согласно Законот за празниците на Р. Македонија, кај нас нема да има спојување на празниците околу Нова година и Божиќ...

Новата 2015 година за дел од граѓаните од соседните земји ќе почне со голем одмор или ќе имаат 5 слободни дена, за разлика од кај нас, каде што неработен ден е само 1 јануари четврток и 7 јануари среда – прв ден Божиќ.

Од кабинетот на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов велат дека кај нас не се предвидени спојувања на деновите за празниците.

Согласно Законот за празниците на Р. Македонија, кај нас нема да има спојување на празниците околу Нова година и Божиќ – истакнаа од кабинетот на министерот.