Реконструирана атмосферската канализациска мрежа на улицата „Павел Шатев“

24.11.2014 12:48

Оваа локација на улицата Павел Шатев беше посочена како една од десетте црни точки во градот кои редовно се поплавуваа во текот на обилните врнежи што паѓаа изминатото лето...

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ ја реконструираа атмосферската канализациска мрежа на улицата Павел Шатев, во близина на подвозникот, со што се зголеми проточноста на атмосферските води. Оваа локација на улицата Павел Шатев беше посочена како една од десетте црни точки во градот кои редовно се поплавуваа во текот на обилните врнежи што паѓаа изминатото лето.

На самата раскрсница дополнително се поставени три сливници.  Два сливника се попречно поставени, еден до друг, на самиот коловоз и тоа на влезот од улицата Павел Шатев кон улицата Антон Попов, а еден сливник е поставен на влезот од улицата Антон Попов кон улицата Павел Шатев.

Функцијата на решетките и на сливниците е да ги прифатат атмосферските води пред тие да се слеат во најнискиот дел на подвозникот и да го поплават.