Стопанска комора: Нема недозволени зделки за извоз во Русија

24.11.2014 13:27

Станува збор за зголемување на извозот на земјоделско- прехрамбени производи на рускиот пазар за 20%, што ако се земе предвид големината на пазарот, станува збор за незначителна бројка...

Утре Владата ќе ја разгледува информацијата на надлежните државни институции за наводниот реекспорт на европски земјоделски производи во Русија.

Од Стопанската кормора на Македонија велат дека станува збор за зголемување на извозот на земјоделско- прехрамбени производи на рускиот пазар за 20%, што ако се земе предвид големината на пазарот, станува збор за незначителна бројка.

Комората тврди дека немало недозволени зделки, барем во оној дел во кој Стопнската комора е вклучена.