Богослужба на албански јазик и во Кумановско-осоговската епархија
Со цел да им излезе во пресрет на провославните верници кои не го зборуваат македонскиот јазик, кумановско- осоговската епархија во иднина ќе одржува литургии на албанцки јазик. Потребата произвлегла на барање на верници кои сакале да се венчаат или следат литургија, а имало и такви кои барале да преминат во првославната вера. Првиот чекор епархијата го направи со воведување на албански јазик на својот сајт...

Со одлука на Синодот на МПЦ, црковните вести и инфомации на веб сајтот на кумановско –осоговската епархија покрај на македонски, англиски и руски од сега се достапни и на албански јазик. Потребата прозилегла на барање на православните Албанци во Македонија кои не го зборуваат македонскиот јазик.
На овој начин црквата ќе им излезе во пресрет на верниците, а се прват напори во иднина да се одржуваат и богослужби на албански јазик.
„Имав случај на крштевање и имав проблеми да се разбереме. Еден од роднините знаеше малку македонски и тој преведуваше. Е сега многу последно ќе биде кога ќе им кажеме, еве повелете тука има катихеза и има објаснувања за нашата вера, поподробно некој од дома да може да си прочита. Зошто да му го одземе право на верникот на негово спасение, да не ја мешаме црквата со националноста“, изјави отец Игор Здравсковски.
Овој чекор според верниците е оправдан и според нив божјиот глас треба да го разберат сите кои сакаат и веруваат без разлика на кој јазик зборуваат.
„Има млади верници од Албанија што доаѓаат и се венчаваат тука и заради нив би требало да има служба и на албански.“
„Има македонци исламизирани, имам и соседи, голем дел од нив веруваат и доаѓаат во црква.“
„Во одредени случаи и треба да има, во градот се зборува на разни јазици без оглед на вера“, велат верниците.
Мешаните бракови дополнително ја зголемуваат потребата од воведување на албанскиот , но и други јазици во православните цркви.
Богослужби на повеќе јазици се одржуваат и во исламските верски објекти. Во зависност од потребите на населението молитви се пеат на јазиците на сите етнички заедници.
Габриела Димковиќ
