Стопанисувањето со Препанското Езеро ќе донесе нови вработувања
Порибено Преспанското езеро. Со збогатувањето на езерото и ставање ред во стопанисувањето со рибниот фонд, се очекува отворање погон за преработка на риби и нови вработувања...

Со еден тон подмладок од Преспански Крап е порибено второто по големина езеро во државава, Преспанското. Ова е второ порибување во период од една година. И овој пат подмладокот е автохтон одгледан во рибникот „Акватика“ во Неготино.
Ваквите активности, кои се во рамките на програмата за финансиска помош на рибарството ќе продолжат и понатака, вели Васко Костов, директор на Институтот за сточарство.
Она што според многумина е позначајно, е тоа што конечно Преспанското Езеро доби газда, поточно концесионер. Имено во наредните години со Езерото ќе стопанисува, претпријатието „ВоЛФФ“. Сопственикот Наумче Ставревски се надева да се воспостави вистински ред во стопанисувањето со рибата.
Нови вработувања и отворање на погон за преработка на риба очекува градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.
Едно е сигурно, концесионер на Преспанското Езеро му беше потребен. Меѓутоа за целосно воспоставување на ред, ќе мора да има соработка меѓу Албанија, Грција и Македонија.
Сандре Темелковски
