Продолжува агонијата на ЛА Лејкерс, Гасол одново блескаше во дресот на Мемфис
Катастрофалната сезона за ЛА Лејкерс продолжи со поразот во “Стејплс“ центарот од Денвер со 94 : 101. Во регуларните 48 минути беше нерешено, а во продолжението гостите со 15 : 8 беа поуспешни и му го нанесоа на ЛА Лекјерс 6 пораз на свој терен или вкупно 11 сезонава, со кој се на претпоследното место на Западот...

Во 5 натпревари од НБА лигата одиграни во раните утрински часови гостите беа поуспешни и остварија три победи, додека две постигнаа домашните екипи. Кошаркарите на Мемфис и натаму цврсто газат и ја забележаа 12 победа во својот 14 настап. Во мечот со ЛА Клиперс, домашниот тим создаде двоцифрена предност уште во првото полувреме кога поведе со 53 : 40 која не ја испушти до крајот. Предводен од Марк Гасол со 30 поени и 12 скокови лидерот во Западната конференција ја оствари 8 победа на свој паркет со 107 : 91. Кај гостите кои со ефектот 7 – 5 се вон “плеј оф“ зоната, Крис Пол постигна 22, а Блејк Грифин 15 поени.
Мајами по 8 пат славеше сезонава со минимална победа над Шарлот од 94 : 93. Во отсуство на Двејн Вејд најзаслужен беше Луол Денг со 26 поени и 8 скокови, а одлична партија пружија Крис Бош и Марио Чалмерс со по 20 поени. Кај гостите Ал Џеферсон беше најдобар со 22 поена и 12 скокови.
Катастрофалната сезона за ЛА Лејкерс продолжи со поразот во “Стејплс“ центарот од Денвер со 94 : 101. Во регуларните 48 минути беше нерешено, а во продолжението гостите со 15 : 8 беа поуспешни и му го нанесоа на ЛА Лекјерс 6 пораз на свој терен или вкупно 11 сезонава, со кој се на претпоследното место на Западот. Најдобар кај победникот беше Тај Лоусон со 18 поени и 16 асистенции, а кај поразените не помогнаа ниту 27 поени на Коби Брајант. Послаби од вториот најтрофеен клуб во историјата се кошаркарите на Оклахома Сити, кои го претрпеа својо 12 пораз и тоа на домашен паркет од Голден Стејт со 86 : 91. Во редовите на Голден Стејт најзаслужен резервистот Марис Спрајтс со 28 поени и 7 асистенции, а кај Оклахома залудна беше одличната партија на Реџи Џексон кој го заврши мечот со 22 поена, 11 скокови и 8 асистенции. Во стил на ЛА засега игра и најтрофејниот клуб во историјата Бостон, кој загуби дома од Портланд 88 : 94. Ламаркус Олдриџ беше најдобар на мечот со 20 поени и 14 скокови за 10 победа на Портланд сезонава, а тандемот Грин и Салингер со по 19 беа најефикасни кај домаќините кои имаат 4 победи и 8 загубени натпревари.
