Царината спречи повеќе обиди за незаконско изнесување и внесување на девизи
Освен 190 илјади евра откриени на Блаце, царината откри и 26 илјади и 500 долари на граничниот премин Богородица...

Царинската управа минатата недела откри повеќе обиди за незаконско изнесување односно внесување поголеми износи странски валути, над законски дозволените за кои патниците не поседувале документи за нивното потекло.
Освен 190 илјади евра откриени на Блаце, царината откри и 26 илјади и 500 долари на граничниот премин Богородица. Од тоа на возачот и сопатникот им биле вратени по 2.500 долари, а другите пари им биле задржани. На аеродромот Александар Велики кај тројца македонски државјани биле откриени вкупно 19 илјади и 500 евра. Им биле вратени законски дозволените за изнесување 6 илади евра, а остатокот бил привремено задржан со издавање потврда. И на граничниот премин Ќафасан при влез во земјава кај албански државјанин биле откриени 22 илјади и 200 евра, му биле вратени законски дозволените 10 илјади, износ што може слободно да се внесе, а другите пари се задржани од царината.
