Метео
24.11.2014 14:22
Утринските температури повторно ќе бидат негативни во поголем дел од земјата, дневните благо ќе опаднат во однос на денешните...

Утре во Македонија ќе преовладува умерено облачно време на места со зголемена облачност и појава на слаба магла по одделни котлини особено претпладне. Утринските температури повторно ќе бидат негативни во поголем дел од земјата, дневните благо ќе опаднат во однос на денешните. Во наредниот период ќе има и услови за повремен локален дожд и снег на планините.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
