Откриени над 35 милиони евра сомнителни трансакции на Косово
24.11.2014 14:35
Бројот на сомнителни трансакции во овие извештаи бил 564, што во паричен износ е околу 35 милиони евра...

Финансиската разузнавачка единица на Kосово, открила повеќе од 35 милиони евра сомнителни трансакции, за кои имало обид да бидат прикриени преку косовскиот банкарски систем во текот на минатата година, пишува весникот „Зери“.
Бројот на сомнителни трансакции во овие извештаи бил 564, што во паричен износ е околу 35 милиони евра, се наведува во документот, до кој дошол весникот „Зери“.
