Турски компании заинтересирани за отворање бесцаринска зона кај Гевгелија

24.11.2014 15:02

Тој очекува трговската размена меѓу двете земји за кратко време да достигне милијарда долари и зголемување на директните инвестиции од оваа пријателска земја...

Претседателот на Големото народно собрание на турција, Џемил Чичек кој се наоѓа во официјална посета на земјава, најави заинтересираност на турските компании за  отворање бесцаринска зона во близина на Гевгелија.

Тој очекува трговската размена меѓу двете земји за кратко време да достигне милијарда долари и зголемување на директните инвестиции од оваа пријателска земја.

На средбата со неговиот домаќин, спикерот Вељаноски било разговарано и за состојбите во регионот и пошироко.

Чичек ја реафирмирал силната поддршка на Турција за зачленување на Македонија во НАТО и нагласил дека Македонија е срцето на блакнот и од неа зависи мирот, стабилноста и разбирањето во регионот.

Високиот гостин од Турција оствари средба и со претседателот Иванов.