Работнички прашува: Сакаме титула на терен, дали е таа резервирана за некого ?

24.11.2014 15:19

„Ние сакаме шампионската титула да ја освоиме на терен а не на зелена маса и не сакаме да учествуваме во нечии заткулисни игри“, се вели во соопштението на 14-кратниот шампион, кој смета дека само со намалување или со укинување на казните на тренерите може да има регуларно и нормално првенство...

Барајќи од Арбитражната Комисија на МКФ да ги укине или да ги намали казните на тренерското дуо Докузовски/Србиновски, нашиот најтрофеен кошаркарски клуб преку соопштение прашува кому му смета силен Работнички и дали титулата за некого однапред е резервирана.

„Со казнувањето на двајцата тренери му се задава директен удар на работењето и функционирањето на клубот како по однапред смислено сценарио. Впечаток е дека целта е да се оневозможи Работнички да функционира нормално во Првата лига, најверојатно поради тоа што направи шампионски состав во кој играат актуелни македонски репрезентативци“, пишува во соопштението. Клубот од Градски Парк потсетува дека, за разлика од другите претенденти за висок пласман, има тим составен главно од домашни кошаркари и оти е очигледно оти некому му смета силен Работнички.

„Ние сакаме шампионската титула да ја освоиме на терен а не на зелена маса и не сакаме да учествуваме во нечии заткулисни игри“, се вели во соопштението на 14-кратниот шампион, кој смета дека само со намалување или со укинување на казните на тренерите може да има регуларно и нормално првенство. Во спротивно, бара јавно и јасно да се каже ако титулата е резервирана за некого.