Прв случај со ебола меѓу Италјаните

24.11.2014 15:26

Ова е првиот Италијанец заразен од ебола кој се враќа со авион од Сиера Леоне заради подобар специјалистички третман во Рим-соопштуваат од Министерството за здравство на Италија...

Италијански лекар кој доброволно работел во Африка е заразен со ебола и се враќа во Рим. Министерката за здравје Беатриче Лоренцин тврди дека тој се чувствува добро.

Ова е првиот Италијанец заразен од ебола кој се враќа со авион од Сиера Леоне заради подобар специјалистички третман во Рим-соопштуваат од Министерството за здравство на Италија. Ќе биде хоспитализиран во националниот институт за инфективни болести ,,Лазаро Спаланцани“-пренесува Танјуг. Лекарот чие што име не се соопштува работел во една добротворна клиника за жртвите од ебола.

Според СЗО, ситуацијата  во Сиера Леоне е алармантна затоа што секој ден се регистрираат по 100 нови случаи. Последните податоци се дека има 6 190 заболени  и  1 267 мртви. Сите заболени лекари од западните земји  набрзо биле префрлени во своите земји и сите ја преживеале болеста.