Со комбиниран тим до рекорд!
Според шпанските медиуми, Сами Кедира ќе го замени Иско, кој играше на претходните 12 натпревари, а на „Сент Јакобс“ можно е да истрчаат и Фабио Коентрао...

Реал Мадид го осигура осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите, па може да си дозволи да игра со комбиниран тим на гостувањето кај Базел во 5-тото коло од групната фаза. Според шпанските медиуми, Сами Кедира ќе го замени Иско, кој играше на претходните 12 натпревари, а на „Сент Јакобс“ можно е да истрчаат и Фабио Коентрао, Алваро Арбелоа и Рафаел Варан. Доколку се потврди ова, на клупата најверојатно ќе останат Марсело, Даниел Карвахал и Пепе. Се пишува дека и Хавиер Ернандез Чичарито ќе го заземе местото во нападот на Карим Бензема. Затоа, пак, нема замена за Кристијано Роналдо и за Герет Бејл, тврди шпанскиот печат.
Сепак, вистинскиот состав го знае само тренерот Карло Анчелоти, кој ќе биде силно мотивиран да го совлада швајцарскиот ривал. Ако го стори тоа, Реал ќе ја забележи 15-тата победа по ред во сите конкуренцик, а Анчелоти ќе се израмни според ова постигнување со Жозе Мурињо и со Мигел Муњоз. Токму ваква серија оствари кралскиот клуб во периодот кога тие беа на чело на стручниот штаб.
